Победата над Работнички не смее да биде доведена во прашање

Ракометарите на Тинекс Пролет попладнево ги очекува нов предизвик, гостување во СРЦ Кале против градскиот ривал Работнички (15.30 часот). Станува збор за меч на кој нашиот тим е апсолутен фаворит, уште повеќе ако се земат во предвид проблемите на Работнички и заминувањето на дел од клучните ракометари во последните петнаесетина дена.

„Свесни сме за проблемите со кои се соочува противникот, но не обрнуваме преголемо внимание на нив бидејќи секогаш сме фокусирани само на сопствената игра. Треба да одиграме на препознатливо ниво, како речиси сите досегашни натпревари сезонава, доколку го сториме тоа победата нема да биде доведена во прашање“ - вели капитенот Ласко Андоновски.

Дуелот со Работнички е идеална можност за враќање на победнички патеки по последниот пораз од Металург. 

„Тоа беше натпревар на кој бевме немоќни против фаворитот, за разлика од првиот меч на кој бевме блиску до победа, а на крајот освоивме еден бод. Немавме одговор за нивната одбрана и триумфот на Металург беше целосно заслужен. За нас мечот со Работнички е одлична можност да стигнеме до нов триумф и да се зацврстиме на делот од табелата што носи во плејофот“ - истканува Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести