Дуелот со Металург одложен за среда

Натпреварот од 12. Коло во ракометната Супер-лига меѓу екипите на Металург и на Тинекс Пролет наместо викендов, ќе се игра в среда со почеток во 19 часот на теренот на противникот.  Причина за одложувањето е настапот на „металурзите“ во ЕХФ-Купот, каде утре го играат реваншот на домашен терен против Горење Велење.

Согласно новите пропозиции за натпреварување, натпреварот требаше да биде одигран максимум 14 дена пред предвидениот термин, но излеговме во пресрет на барањето на Металург, прифаќајќи мечот да се игра по комплетирањето на нивниот двомеч со ривалот од Словенија. Со тоа, Металург викендов може целосно да се фокусира на Горење, а потоа в среда да излезе на мегдан со Тинекс Пролет.

Им посакуваме многу среќа на „металурзите“ на неделниот реванш, со желба да обезбедат пласман во групната фаза од ЕХФ-Купот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести