Аларов повикан во националниот тим

Одличните игри на стартот од новата сезона беа доволна препорака за Тинекс Пролет да има двајца ракометари во македонската репрезентација во оваа ЕХФ-седмица. Мартин Поповски повторно е дел од националниот тим и го постигна голот за реми на вчерашниот дуел со Италија, а денеска на подготовките на репрезентацијата се приклучи и Михаил Аларов. 

Пивотот игра одлично од самиот почеток на сезонава, покрај ефикасноста во нападот го одликува и извонредна игра во одбраната, па повикот од селекторот Брестовац е апсолутно заслужен.

Мартин Поповски по одличните игри за Тинекс Пролет, блесна и во репрезентативниот дрес откако со осум погодоци беше најефикасен на последниот натпревар против селекцијата на Италија.

Македонија и Грузија утре и задутре ќе одиграат две контролни средби. Покрај двајцата ракометари, дел од нашиот национален тим е и тренерот Никола Матлиески, кој е прв асистент на селекторот Брестовац во стручниот штаб на репрезентацијата.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести