Поповски: Лесно беше да се избере Тинекс Пролет од сите понуди што ги имав

Тинекс Пролет го задржа костурот на екипата во текот на летниот преоден рок, а најзвучно засилување од неколкуте нови имиња дефинитивно беше Мартин Поповски. Македонскиот репрезентативец пристигна во нашиот клуб како актуелен европски првак, откако со тимот на Вардар се закити со трофејот во Лигата на шампионите. Во текот на летото до Поповски пристигнаа бројни понуди, но тој се реши кариерата да ја продолжи во таборот на Тинекс Пролет. 

„Не се договоривме со Вардар и заминувањето се случи во тежок период за промени. Имав понуди и од други клубови, но одлуката да дојдам во Тинекс Пролет беше многу лесна. Станува збор за клуб што со години се натпреварува во најсилното натпреварување, воедно и тим со беспрекорна атмосфера. Имаме млада екипа со многу играчи кои се желни за напредок и надигрување со сите ривали“ - истакнува Поповски.

Тинекс Пролет е најпријатното изненадување сезонава, откако во првите шест кола е без пораз, остварувајќи четири победи и две реми.

„Стартот е навистина одличен. Досега немаме пораз и ако за нешто жалиме тоа се загубените бодови во финишот против Пелистер и Металург. Тоа се средби во кои испуштивме победа во последните секунди, но и тоа е составен дел од спортот. Се надевам дека ќе останеме максимално фокусирании ќе го задржиме победничкиот пат. Наша цел е оваа полусезона да ја завршиме без пораз. Во вториот дел така би било полесно да се игра, бидејќи ќе немаме притисок и ќе можеме да изненадиме на некоја од тие гостински дерби-средби. Влез во плејофот е нешто што е поставено како цел, тоа е реално да се оствари, но за да се случи мора да се задржи нивото на игра во текот на целата сезона“ - вели десното крило на Тинекс Пролет.

Следен предизвик за избраниците на Матлиески е дуелот со Вардар Јуниор, меч на кој Тинекс Пролет ќе стори се за да ја продолжи серијата добри резултати.

„Секако дека ќе одиме на победа, но знаеме дека нема да биде нималку лесно. До бодови се стигнува само со максимално залагање, а Вардар Јуниор е тим што ќе знае да го казни секое наше опуштање. Затоа, мора да се одигра стопроцентно во текот на сите 60 минути“ - порача Мартин Поповски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести