Моќна игра и убедлива победа над Радовиш (36-27)

Тинекс Пролет во шестото коло од Супер-лигата ја забележа четвртата победа, откако лесно и убедливо го скрши отпорот на Радовиш, славејќи со 36-27. Видно мотивирани по пропуштената шанса за победа во Битола над Пелистер, ракометарите на Тинекс Пролет одиграа доминантно, наметнаа темпо што гостите не можеа да го следат, на крајот заслужено прокнижувајќи нови бодови на суперлигашката табела. 

Радовиш поведе само со 0-1, гостите парираа до 3-3, за потоа Тинекс Пролет целосно да ја преземе контролата над мечот. Предводени од Аларов и од Поповски домашните ракометари успеаја да се одлепат во раната фаза од мечот поведувајќи со 9-5, потоа уште повеќе зголемувајќи ја предноста, за на крајот на одмор да заминат со 19-12. За разлика од претходните натпревари на кои имаше сериозни осцилации во играта, овојпат избраниците на Матлиески одиграа беспрекорно, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да им биде доведена во прашање. Гостите во неколку ситуации се доближуваа на пет гола разлика, но секогаш следеше соодветен одговор од Тинекс Пролет, за конечен триумф изразен со девет гола.

Мартин Поповски одигра беспрекорно во нападот завршувајќи го мечот со десет погодоци, пивотот Аларов постигна седум гола, Мајнов беше стрелец на шест, а Џонов на пет погодоци за Тинекс Пролет.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести