Наивно испуштена победа во Битола (23-23)

Ракометарите на Тинекс Пролет испуштија извонредна можност да триумфираат во Битола над Пелистер, ремизирајќи 23-23 во меч во кој речиси 60 минути водеа, но не успеаја да стигнат до цел плен. Избраниците на Матлиевски остануваат без пораз и по петтото суперлигашко коло, но останува разочарувањето што денешната добра партија не беше крунисана со триумф во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Почетокот беше фантастичен, одбраната на чело со голманот Кизиќ функционираше беспкорно, а предноста од минута во минута се повеќе се зголемуваше. Во првите 20 минути од мечот „пелистерци“ имаа постигнато само еден гол (1-7), но потоа дојде до неразбирлив пак во играта на нашиот тим. По голот на Дарио Петровски, прв за домаќините по пауза од цели 18 минути, Пелистер влезе во ритам и почна да ја топи предноста на Тинекс Пролет, па на одмор се замина со само еден гол разлика (8-9), откако Мајнов не реализираше пенал во 30. минута.

Тинекс Пролет беше подобар тим и во голем дел од второто полувреме, повторно успеа да се одлепи на 10-14, а потоа и на 12-17. Се чинеше дека резултатот е во целосна контрола на скопскиот клуб откако во последните десетина минути влезе со предност од 17-21, потоа и 18-22, но „пелистерци“ фуриозно го завршија и второто полувреме. Во неизвесна завршница Дарио Петровски од пенал спаси бод за домашниот тим, на огромно разочарување на нашата екипа.

Кизиќ беше одличен на голот, додека во нападот најефикасни беа Ласко Андоновски со осум, Џонов со шест и Поповски со четири погодоци.

Разочарувањето од оваа средба мора што поскоро да биде заборавено, со оглед на фактот дека викенд во Пролет доаѓа Радовиш, уште еден дуел со директен ривал за влез во плејофот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести