Супер-старт: Кадетите на Тинекс Пролет со лекција за Металург

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет извонредно ја стартуваше новата сезона, откако триумфираше на гостински терен против големиот фаворит Металург со убедливи 26-38. „Металурзите“ со оваа генерација (играчи до 2002 година) беа шампиони на Македонија во пионерска конкуренција, но нашите млади ракометари одиграа извонреден меч во салата „Автокоманда“ и заслужено се радуваа на победата.

Избраниците на тренерот Сашо Сотировски уште од самиот почеток наметнаа силно темпо на кое противникот не можеше да одговори. Првото полувреме заврши со убедлива предност од 10-18 за Тинекс Пролет, позитива што до крајот успеавме да ја искачиме и над 10 гола разлика, со конечните „плус 12“.

Победа што сигурно ќе влее самодоверба од самиот почеток на новата сезона, во која младите ракометари на Тинекс Пролет ќе продолжат во ваков ритам.


фото: rkmetalurg.mk

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести