Новата сезона ја почнуваме против Охрид

Екипата на Охрид ќе биде прв ривал на Тинекс Пролет во новата натпреварувачка сезона што ќе стартува на 7 септември. 

Со денешното извлекување во скопскиот хотел „Континентал“ беше утврден календарот за натпреварување во Супер-лигата, од која четирите најдобри екипи вообичаено ќе обезбедат пласман во плејофот. Охриѓани се една од екипите кои важат за наши ривали во оваа трка, па токму затоа премиерниот натпревар од новата сезона ќе биде од големо значење за тренерот Матлиески и неговите избраници.

Во рамките од второто коло ќе му гостуваме на тимот на Металург 2, а во третата рунда е закажан дерби дуелот со поранешниот првак Металург. Првиот круг од натпреварувањето, во деветтото коло, го заокружуваме со гостување во Струга. 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести