Тинекс Пролет тргна со подготовки - со нов голман и старата клупска стратегија

Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона, за која нашиот клуб го задржа костурот на тимот. Воедно, Тинекс Пролет не отстапува од цврстата стратегија за настап исклучиво со македонски ракометари, што ќе биде случај и во новата сезона од Супер-лигата.

Засега е потпишано само едно ново засилување, голманот Никола Кизиќ кој бранеше за Струга, а претходно има настапувано и за Вардар Јуниор. Тој ќе го наследи на нашиот гол искусниот Кимевски, кој ја заврши кариерата. Воедно, како клуб му се заблагодаруваме на Кимевски за четирите години беспрекорна соработка. Во првиот тим се прекомандувани и најперспективните ракометари од нашата младинска школа.

Тинекс Пролет летово беше фокусиран на задржување на најдобрите ракометари, па така успеавме да ја продолжиме соработката со капитенот Ласко Андоновски, кој одби неколку понуди од Македонија и странство за да остане во Пролет. Нови договори се потпишани и со браќата Филип и Александар Василевски. Иако Александар поради тешка повреда на коленото ќе се врати на почетокот од 2020 година, ние ја продолживме соработката бидејќи сме убедени во неговите квалитети и знаеме дека ќе ни биде од големе помош по враќањето на терените.

Исто така, во завршна фаза се преговорите за ангажман на нови ракометари кои дополнително би ја засилиле нашатс екипа. Нашиот клуб покрај Кимевски летово го напуштија и Јовчевски, Трајковски и Манасков, на кои им посакуваме многу среќа во натамошниот дел од кариерите.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести