Убедлив пораз на последниот домашен натпревар (16-30)

Тинекс Пролет претрпе убедлив пораз од 16-30 на последниот домашен натпревар за оваа сезона, во кој нашите ракометари беа немоќни во пресметката со Еурофарм Работник. Гостите од Битола покажаа зошто се новите вицешампиони на Македонија, одиграа беспрекорен натпревар и заслужено стигнаа до победата. Нападот беше главен проблем на денешниот меч, во кој поразот беше неизбежен.

Ракометарите на Работник уште на самиот почеток поведоа со 1-4, најавувајќи ја решеноста час поскоро да ги разрешат дилемите околу победникот. Само за момент нашата екипа успеа да се приближи до 4-5, за потоа битолчани да постигнат четири гола во серија, да поведат со 4-9 и како што одминуваше времето, така уште повеќе да ја зголемуваат предноста. На одмор се замина со водство на Работник од 7-15, а гостинскиот тим во раната фаза од вториот дел стигна и до првата двоцифрена предноста (11-21). Цврстата одбрана на битолчани им создаваше големи проблеми за избраниците на Матлиески до самиот крај, па убедливиот пораз на крајот беше изразен со конечни 14 гола разлика.

Ласко Андоновски со шест гола беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет, три гола постигна Трајковски, а по два пати меѓу стрелците се запишаа Василевски, Манасков и Аларов.

Без оглед на денешниот резултат, нашиот тим ги задржува шансите за пласман на четвртото место и учество во европските купови, за што неопходен ќе биде позитивен резултат во последното коло, на гостувањето во Битола против Пелистер.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести