Матлиески: Уште две кола до крајот, се надевам на бодови против битолските екипи

Се ближи крајот на оваа натпреварувачка сезона, а Тинекс Пролет се уште има солидни шанси за излез во ракометна Европа. Нашиот тим денеска (19.30 часот) го пречекува Еурофарм Работник, во последното коло во Битола му гостува на Пелистер, а тренерот Матлиески не ја крие желбата да се стигне до бодови најмалку на еден од овие два натпревари за да се освои посакуваното четврто место на табелата.

Јасно е, на денешниот дуел со „фармацевтите“ од Битола фаворитската улога им припаѓа на гостите, но Матлиески очекува добра игра на Тинекс Пролет и на оваа средба, последна на домашен терен за сезонава.

„Еурофарм Работник е фаворит, тоа е екипа што прикажа одличен ракомет во досегашниот дел од сезоната. Составени се од 16 квалитетни ракометари и нема сериозен пад во нивната игра, делуваат цврсто во одбраната и смирено во нападот. Имаме респект за нив, но и доколку ни се укаже шанса за победа сигурно ќе ја искористиме. Трениравме добро во последните денови, подготвени сме за финишот од сезоната и верувам дека имаме квалитет за да освоиме бодови барем на еден од последните два меча, во кои ќе се сретнеме со ривали од Битола“ - истакнува тренерот Никола Матлиески.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести