Убедлив пораз на гостувањето од Бутел (29-20)

Ракометарите на Тинекс Пролет запишаа неочекувано висок пораз на гостувањето против Бутел во плеј-оф разигрувањето за титулата во домашниот шампионат. Бутел славеше со 29-20 (15-11) реванширајќи се за претходниот пораз во меѓусебната пресметка.

Првиот дел од натпреварот мина главно во израмнета битка иако по 15-та минута домашните се стекнаа со предност од три гола (8-5). Но, веднаш потоа следеше консолидација на нашиот тим и серија од 1-3 за 9-8. Сепак, во финишот на првото полувреме Бутел повторно се одлепи за 15-11.



Во второто полувреме домашните беа далеку поагресивни во одбраната, сигурни во нападот и дојдоа до заслужена победа од 29-20.

Најдобри поединци во нашиот тим беа Андоновски и Манасков со по пет постигнати голови. Кај Бутел се издвоија Мајиќ со девет и Григорјев со шест погодоци.

Во следното коло Пролет го очекува сериозна пресметка против шампионот Вардар.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 623
2МРК Куманово2
3РК Прилеп2
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести