Пелистер на колена: Фантастична игра и голема победа (30-28)

Ракометарите на Тинекс Пролет остварија фантастична победа на домашен терен над Пелистер со резултат 30-28, со фуриозен финиш во второто полувреме кршејќи го отпорот на големиот ривал во битката за излез во ракометна Европа. Битолчани имаа водство во поголем дел од натпреварот, но нашиот тим покажа карактер, го сврте резултатот кога беше најважно и на крајот заслужено се радуваше на значаејниот триумф.

Мечот почна со одлична игра во одбраната на битолчани, кои набрзина поведоа со 2-5. Многу значаен беше одбранетиот пенал на Кимевски при овој резултат, не дозволувајќи им на гостите уште повеќе да се одлепат. Тинекс Пролет заигра подобро, намали на 5-7, потоа не користејќи неколку одлични шанси за целосен резултатски камбек. Манасков го заработи второто исклучување кон средината на првото полувреме, но Џонов одлично се снајде на лев бек и заедно со Ролевски беше најзаслужен што до крајот на полувремето стигнавме до израмнување (12-12).

Одлуката на Петковиќ да го почне вториот дел со „фластер“ на Ласко Андоновски вроди со плод, па Пелистер повторно поведе со три гола разлика. Сепак, Тинекс Пролет не би бил она што е доколку повторно не најдеше начин да се врати во мечот. Брзта игра стана заштитен знак на нашиот тим во второто полувреме, најпрвин со брз центар се одржувавме во игра додека не профункционира одбраната, а кога тоа се случи следеше големиот пресврт. Од негативата од 23-25 следеа шест гола во серија на Тинекс Пролет, низа со која беше осигурана победата, на крајот изразена со конечни 30-28.

Кимевски беше одличен на голот, додека во нападот Ролевски беше најефикасен со осум гола, седум постигна Џонов, шест Манасков, а четири пати меѓу стрелците се запиша Василевски.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести