Пеколниот распоред на натпревари му создава главоболки на тренерот Никола Матлиески, но стратегот на Тинекс Пролет сепак е оптимист дека неговиот тим ќе успее да стигне до победата на утрешниот натпревар на домашен терен против Пелистер (19 часот).
„Во последните десетина дена игравме двапати со Металург, по еднаш со Вардар и со Еурофарм Работник, па нормално е пто се видливи и знаци на замор кај моите ракометари. Сепак, не гледам на тоа како на голем проблем бидејќи знам дека против Пелистер мотивацијата и желбата за победа ќе бидат поголеми од заморот. Влогот е голем, победата е многу значајна во битката за четвртото место, но убеден сум дека моите играчи че одговорат на предизвикот“ - изјавува Матлиески.
Тој има само пофални зборови за утрешниот противник, кој тактизираше во Купот на Македонија чувајќи ги слите токму за дуелот со Тинекс Пролет.
„Пелистер е квалитетна екипа, исполнета со искусни ракометари, која дополнително се засили со странски играчи. Сепак, верувам дека на крајот се ќе зависи од нас, ќе мораме да играме цврсто во одбраната, па од тој пристап да произлезат лесни голови на спротивната страна. Знаеме дека нема да биде лесно, натпреварот сигурно ќе биде неизвесен, но се надевам на наша радост на крајот“ - истакна тренерот на Тинекс Пролет.