Херојска борба и несреќен пораз од Металург во Купот на Македонија (29-31)

Тинекс Пролет одигра одличен натпревар на гостински терен против Металург, но за жал во неизвесна завршница претрпе минимален пораз од 31-29 и не успеа да се пласира на фајналфор турнирот од Купот на Македонија. Ракометарите на Тинекс Пролет го изненадија фаворитот достојно спротивставувајќи му се до самиот крај, но немаа среќа во последните минути, па не успеаја во желбата да приредат големо изненадување во салата „Автокоманда“.

„Металурзите“ беа подобар противник на теренот само во првите дваесетина минути од натпреварот. Тие го отворија мечот со водство од 4-0, потоа водеа и со 5-1 и 7-3, па во еден момент имаа и пет гола предност (11-6). Токму тогаш Тинекс Пролет влезе во одличен ритам и до крајот на полувремето успеа да се врати во натпреварот и на одмор замина со само еден гол негатива (16-15).

Домашниот тим се стабилизираше за време на паузата, па во вториот дел имаше контрола над резултатот. Нашите ракометари ги чекаа своите пет минути, и ги дочекаа успевајќи да се приближат на само еден гол негатива (28-27). Тоа за жал беше се што Тинекс Пролет успеа да стори бидејќи Металург умешно го приврши натпреварот, славејќи со 31-29.

Андоновски и Џонов постигнаа по шест гола за Тинекс Пролет, Филип Василевски реализираше пет, а Аларов и Манасков по четири пати се запишаа меѓу стрелците.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести