Тинекс Пролет убедлив против Радовиш во Купот на Македонија (39-16)

Тинекс Пролет обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако попладнево рутински триумфираше над Радовиш со убедливи 39-16. Отсуството на тренерот Матлиески очекувано не остави трага врз играта на Пролет, разликата во квалитет меѓу ракометарите беше очигледна, а нашите играчи со максимално залагање обезбедија триумф од конечни 23 гола разлика.

Од самиот почеток стана јасно кој е кој на овој натпревар, Радовиш имаше водства од 1-0 и од 2-1, за потоа Тинекс Пролет со пет гола во серија да го сврти резултатот во своја полза. Како што одминуваше времето така и предноста на нашиот тим се зголемуваше, на полувреме резултатот гласеше 16-7, а на самиот почеток од вториот дел Тинекс Пролет стигна и до првото двоцифрено водство (18-8). Удобната предност овозможи шанса да добијат и дел од помладите играчи, кои максимално мотивирани влетаа на теренот, зголемувајќи ја уште повеќе позитивата, за пласман во финалето од групата што се игра во „Автокоманда“, утре во 18.30 часот против Металург или Јуниор Кисела Вода.

Фактот дека 12 различни ракометари се запишаа меѓу стрелците најдобро говори за доминацијата на Тинекс Пролет на овој натпревар. Најефикасни беа Ролевски и Џонов со по шест, пред Дамчевски со пет и Ролев и Аларов со по три погодоци.
 

Галерија

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести