Тинекс Пролет без тренерот Матлиески на куп-пресметката со Радовиш

Екипата на Тинекс Пролет денеска го игра осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија, во 16 часот среќавајќи се со Радовиш како дел од групата чиј домаќин е Металург. 

Јасно е дека нашиот тим ќе ја има фаворитската улога во салата „Автокоманда“, а единствен проблем со кој се соочуваме е отсуството на тренерот Матлиески, поради репрезентативни обврски. Нашиот клуб излезе во пресрет на потребите на Ракометната Федерација на Македонија, па даде зелено светло за Матлиески да отпатува за Бугојно, како дел од стручниот штаб на кадетската репрезентација која учествува на силен турнир во овој град.

Во отсуство на Матлиески, улогата на предводници од клупата ќе им припадне на Петар Тотиќ и Сашо Огненовски. Доколку се одигра на посакуваното ниво, победата не би требало да биде доведена во прашање, а потоа во битка за завршниот фајналфор Тинекс Пролет би се сретнал со подобриот од мечот Металург - Јуниор Кисела Вода.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести