Матлиески: Металург е „ранет лав“, но ние ќе сториме се за да го изненадиме

Победата над Бутел на стартот од плеј-офот веќе е зад нас, а тренерот Матлиески и неговите избраници веќе се максимално фокусирани на следниот предизвик - дуелот со вицешампионот Металург што на програмата е в недела со почеток во 18.30 часот.

Триумфот над Бутел уште повеќе ни ја зголеми самодовербата, тоа беше одличен натпревар во кој одигравме извонредно и заслужено стигнавме до бодовите. Сега пред нас е Металург, сериозен ривал кој ќе стори се за да дојде до цел плен. Моја цел е да одиграме најдобро што знаеме, пожртвувано и фокусирано, па доколку ни се укаже можност зошто да не и да триумфираме над фаворитот“ - истакна тренерот Никола Матлиески.

Противникот се уште е во шок со заминувањето на тренерот Брестовац по убедливиот пораз на домашен терен од Еурофарм Работник.

„Мислам дека никој не очекуваше таков развој на настаните. Металург сега против нас ќе биде како ранет лав, а знаеме дека таквите ситуации можат да бидат многу опасни. Затоа и ќе настојувам да не размислуваме за противникот, туку како да ја наметнеме сопствената игра и да одиграме најдобро што знаеме. Ова е спорт и секогаш се можни изненадувања, ние сигурно нема однапред да се предадеме“ - порачува Матлиески.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Прилеп6
2РК Пролет 625
3МРК Куманово4
4РК Струга3
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести