Двајца играчи на Пролет на списокот на македонската репрезентација

Двајцата клучни играчи на Тинекс Пролет сезонава, Ласко Андоновски и Мартин Манасков, се најдоа на списокот на селекторот Данило Брестовац во пресрет на квалификацискиот двомеч за ЕП 2020 против селекцијата на Исланд. На поширокиот список на Брестовац од 28 ракометари се најдоа и имињата на Андоновски и Манасков, како признание за нивните добри игри во досегашниот дел од сезоната во дресот на нашиот клуб.

Андоновски и сезонава игра капитенски, предводејќи го тимот до пласман во плеј-офот. Манасков презема се поголема одговорност и се наметнува како еден од лидерите во екипата на тренерот Матлиески, кој исто така е дел од стручниот штаб на Брестовац во сениорската репрезентација, по нивната успешна меѓусебна соработка во младинскиот состав.

Ласко Андоновски претходно беше дел од националниот тим и за време на подготовките за СП 2019, но не се најде на финалниот список на тогашниот селектор Раул Гонзалес.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести