Полувреме за историја: Тројцата голмани на Тинекс Пролет одбранија седмерци против Бутел

Голманот Стефан Кимевски со извонредното издание во вторите 30 минути беше најзаслужен што Тинекс Пролет славеше над Бутел во премиерниот натпревар од ракометниот плеј-оф. Воедно, нашиот тим испиша историја во мак-ракометот откако тројцата голмани на Тинекс Пролет за едно полувреме успеаја да одбранат најмалку по еден пенал на гостинските ракометари. 

Серијата на самиот почеток од второто полувреме ја почна Кристијан Кристо, кој го запре обидот на Златко Мојсоски. Само неколку минути подоцна Кимевски го одбрани седмерецот на Мајиќ, а фантастичниот подвиг го комплетираше Коруновски, кој во последната минута го одбрани ударот од седум метри на Димитар Ѓеорѓиевски.



Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести