Џонов: Плејофот е на дофат, но одиме на три победи до крајот на Супер-лигата

Тинекс Пролет одигра извонредно второ полувреме против Вардар јуниор за победнички старт во 2019 година, правејќи уште еден голем чекор напред до плејофот од ракометниот шампионат. 

„Во првото полувреме не бевме во посакуваниот ритам, меѓу другото и поради фактот дека повеќе од два месеци бевме без официјален натпревар. Сепак, ситуацијата се промени во вториот дел, заигравме подобро во одбраната, бевме побрзи во транзицијата и лесно стигнувавме до чисти позиции за постигнување на гол. Квалитетот, како и подолгата ротација беа очигледно и ни ја донесоа победата“ - изјави Иван Џонов, средниот ред во нашиот тим.

Поразот на Охрид во Струга дополнително ја олесни задачата за Тинекс Пролет во битката за плејофот.

„Со најновиот развој на настаните сега ни е доволна и една победа за да бидеме во плејофот. Сепак, тоа не ги менува нашите планови, сакаме да стигнеме до три победи до крајот на сезонава и во триумфален ритам да влеземе во претстојното разигрување со најдобрите тимови во Македонија“ - истакнува Џонов.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести