Тинекс Пролет успешно стартуваше со настапи во 2019 година откко во првиот натпревар од продолжението на сезоната убедливо славеше на гостувањето против Вардар јуниор со 21-32. Долгата пауза остави трага врз настапот на нашиот тим во првото полувреме, но советите на Матлиески на полувремето беа целосно спроведени на дело во вторите 30 минути, во кои заслужено се стигна дури и до двоцифрена победа.
Мечот го почнавме со рано водство од 0-2, потоа имаше два гола предност и при 5-7, но Вардар јуниор изненади со серија од три гола. Матлиески зеде и минута одмор, за момент ја консолидиравме играта, но „црвено-црните“ сепак ја одржаа минималната предност до крајот на полувремето и на одмор се замина со резултат 13-12 за домашниот тим.
Квалитетот на Тинекс Пролет сепак излезе на површина во второто полувреме, во кое набрзина беше направен пресврт, па по водството на „вардарци“ од 14-13 гостинскиот тим постигна четири гола во серија. Не само што не беше дозволен пресврт, туку избраниците на Матлиески продолжија да доминираат до самиот крај на натпреварот. Првата двоцифрена предност Тинекс Пролет ја имаше при резултат 17-27, Матлиески пред крајот им даде шанса и на помладите ракометари, но позизитивата беше задржана се до конечните 11 гола разлика.
Александар Василевски беше прв стрелец со седум погодоци, шест постигна Аларов, четири пати прецизен беше Доне Мајнов, а по три пати меѓу стрелците се запишаа Андоновски, Ролевски и Филип Василевски.
Во следното коло Тинекс Пролет го пречекува тимот на Радовиш, дуел за кој во тимот по одлежаната суспензија се враќа и Мартин Манасков.