Намалена суспензијата на Мартин Манасков

Мартин Манасков ќе може да му помогне на Тинекс Пролет во клучните битки за обезбедување на место во ракометниоот плејоф откако беше намалена суспензијата на нашиот бек изречена кон крајот на 2018 година.

Манасков беше исклучен во второто полувреме од гостувањето против Бутел, по што беше неочекувано ригорозно казнет со четири натпревари неиграње од страна на Дисциплинската Комисија при РФМ. Сепак, нашата жалба поднесена до ракометната куќа беше прифатена, па суспензијата беше преполовена, од четири на два натпревари неиграње.

Мартин Манасков веќе го пропушти последниот меч од 2018 против Борец, тој нема да биде во комбинација ниту за наредниот дуел со Вардар јуниор, а потоа ќе му биде на располагање на тренерот Матлиески за последните натпревари од Супер-лигата, на домашен терен со Радовиш , гостувањето во Струга и пресметката со Прилеп.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести