„Палење на моторите“ во 2019 година

Тренерот Никола Матлиески денеска ја одржа првата прозивка во 2019 година, означувајќи го стартот на подготовките на Тинекс Пролет за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона. 

Атмосферата во тимот е на највисоко ниво, а ракометарите се желни за работа и докажување пред стручниот штаб во пресрет на клучните натпревари за пласман во плејофот. Во однос на екипата што ја заврши 2018 година во нашите редови има едно ново име, десното крило Филип Ролевски, кој се враќа во Тинекс Пролет по неуспешниот обид за ангажман во странство. 

Предвидено е нашиот тим целокупните подготовки да ги мине во Скопје, а во наредниот период ќе бидат закажани и неколку контролни натпревари. 

Сезоната во ракометната Супер-лига продолжува на почетокот од месец март, а Тинекс Пролет во првото коло на гостински терен ќе се сретне со Вардар јуниор.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести