Пролет има свој играч на списокот за СП на селекторот Раул Гонзалес

Капитенот на Тинекс Пролет, Ласко Андоновски, се наоѓа на поширокиот список на селекторот Раул Гонзалес за претстојното Светско Првенство што ќе се одржи наредниот месец во Германија и во Данска. На списокот на Гонзалес од 28 ракометари има место за играчи од само два македонски суперлигаши, покрај нашиот колектив тука се наоѓаат и неколку ракометари на лиерот Еурофарм Работник.

Стратегијата на нашиот клуб, да се настапува исклучиво со домашни ракометари, се покажува како правилен концепт од кој Тинекс Пролет нема да отстапи ниту во годините што ќе следат. Андоновски со години наназад важи за предводник на нашата екипа, а добрите игри во текот на оваа натпреварувачка сезона придонесоа тој заслужено да се најде на репрезентативниот список.

Македонија ќе биде дел од групата во Минхен на СП 2019, каде нашите ракометари ќе се сретнат со Јапонија, Бахраин, Шпанија, Хрватска и Исланд.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести