Џиновски чекор - од Бутел кон плејофот (21-24)

Ракометарите на Тинекс Пролет одговорија на предизвикот на еден од најзначајните натпревари сезонава, па на гостински терен го совладаа Бутел (21-24) и направија џиновски чекор кон плејофот од ракометниот шампионат. Поразот од првиот меч во нашата сала им послужи како мотивација на избраниците на Матлиески, кои благодарение на одличниот Кимевски и беспрекорната игра во одбраната стигнаа до толку посакуваните бодови.

Од самиот почеток стана јасно дека Пролет е подготвен за освојување на цел плен во Бутел, откако уште во раната фаза создадовме предност и го контролиравме резутлатот, а Кимевски со одбранет пенал најави дека ќе го има својот најдобар меч во последните два месеци. Манасков одигра фуриозно во првите петнаесет минути постигнувајќи пет погодоци, па нашиот тим цело прво полувреме имаше водство, а на одмор замина со позитива од три гола (10-13). 

Второто полувреме донесе уште подобро издание на Тинекс Пролет. Цврстата одбрана им создаваше огромни проблеми на домашните ракометари, на спротивната страна постигнувавме лесни голови, па како што минуваше времето, така и позитивата се зголемуваше. Сите дилеми беа решени уште на десетина минути до крајот кога Тинекс Пролет поведе со 17-24, по што во самиот финиш дојде до мал пад во концентрацијата, што беше искористено од страна на домаќините за намалување на резултатот на конечните 21-24.

Мајнов и Манасков со по седум гола беа најефикасни во таборот на Пролет, а пет постигна капитенот Андоновски.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести