Матлиески: Одиме без бело знаме во Битола

Ракометарите на Тинекс Пролет го оставија зад себе ремито со Пелистер, целосно насочувајќи ги погледите кон предизвиците што се пред нив во наредниот период и битката за место во плејофот. Во следното коло нашиот клуб го очекува тешко гостување во Битола против лидерот на табелата, тимот на Работник, но тренерот Матлиевски најавува борба за секоја топка и обид да се изненади фаворитот.

„Не е тајна дека Работник е фаворит, со оглед на фактот дека станува збор за екипа што е првопласирана на табелата без ниту еден претрпен пораз. Сепак, тоа не значи дека ние ќе се предадеме, одиме таму без бело знаме, во обид да се надигруваме и доколку ни се укаже и најмала можност, зошто да не и да го изненадиме Работник. Работиме напорно, добро сме подготвени и верувам дека ќе прикажеме добра игра и на овој натпревар, како што тоа беше случај и на претходните средби“ - истакнува Матлиески.

Натпреварот меѓу Работник и Тинекс Пролет на програмата е утре со почеток во 16.30 часот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести