Матлиески: Разочаран од резултатот, не и од играта

Шефот на стручниот штаб на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, не го крие разочарувањето што неговиот тим не успеа да стигне до триумф на дерби-дуелот со Пелистер. Пролет водеше во поголемиот дел од натпреварот, но доминацијата не ја претвори во конечен триумф поради големиот пад на концентрацијата во финишот, во кој им беше дозволено на гостите да се вратат од „минус три“ и да стигнат до реми.

„Севкупно гледано разочаран сум од резултатот, но не можам да бидам незадоволен од играта во поголемиот дел од натпреварот. Имавме ритам, постигнувавме голови од најразлични ситуации и им овозможивме на навивачите да уживаат во нашето издание се до самата завршница. За жал, ни се случија „црни минути“ во кои пресуди нашата слаба реализација. Искусен тим како Пелистер знаеше како да го искористи тоа, да се врати и на крајот да стигне до реми. На крајот, Пелистер е задоволен бидејќи освои еден бод, ние не може да сме задоволни бидејќи загубивме два, но одиме понатаму, треба да работиме на отстранување на грешките за истите да не ги повториме на следните натпревари“ - истакнува Матлиески.

Пролет останува на третото место на табелата со добри шанси за пласман во плејофот, но нашиот тренер смета дека е премногу рано да се се навлегува во „математики“.

„Се уште е рано да се прават калкулации и математики, има уште седум кола до крајот, гледам дека другите веќе прават прогнози, ние не влегуваме во тоа. Се наоѓаме во добра позиција, се ќе зависи од самите нас, како ќе се покажеме. Верувам дека ќе одговориме на предизвикот бидејќи играме добар ракомет во последните месеци и очекувам во ист стил да продолжиме, со тоа што дефинитивно ќе треба да поработиме на реализацијата во завршницата од натпреварите, нешто во што потфрливме против Пелистер“ - вели Никола Матлиески.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести