Во финишот испуштена победа против Пелистер

Ракометарите на Тинекс Пролет испуштија победа во финишот од дерби пресметката од 11. коло во Супер-лигата, ремизирајќи на крајот со битолски Пелистер, 27-27 (17-14). Во текот на целиот натпревар ракометарите на нашиот тим ја контролираа играта и резултатот, имаа постојана предност против битолчани но во последните минути дозволија гостите да анулираат и четири гола предност на Пролет на крајот заминувајќи со бод од Скопје.

Во првиот дел се играше главно израмнето се до 12-12, кога со одличен финиш Тинекс Пролет стигна до 17-14 на полувремето.

Во второто полувреме слична ситуација на паркетот, со тоа што нашите ракометари постојано одржуваа предност од неколку гола, па стигнувајќи и до 25-21 во финишот. Но, во последните минути гостите успеаја да постигнат шест гола, наспроти само два на Тинекс Пролет за конечни 27-27.

Најефикасен кај Тинекс Пролет беше Мартин Манасков со шест погодоци, а по пет гола постигнаа Ласко Андоновски и Доне Мајнов. Три гола запиша Александар Василевски, а два - Филип Василевски. Во противничкиот тим Марко Кобетиќ постигна шест гола, а Никола Стоилевски мечот го заврши со пет погодоци.

По ова реми Тинекс Пролет остана на третата позиција на табелата со 22 бода, а Пелистер си остана на петтото место со 20 бода.

 

Галерија

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 623
2МРК Куманово2
3РК Прилеп2
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести