Мајнов: Цврстата одбрана ќе ни донесе триумф и над Пелистер

Тинекс Пролет игра одличен ракомет во последните два месеци, па нашите ракометари во одлична атмосфера го очекуваат утрешниот дерби натпревар против Пелистер. Станува збор за пресметка со директен ривал за место во плејофот, што ќе биде дополнителен мотив за избраниците на Матлиески да ја продолжат победничката серија.

„Играме одличен ракомет и сакаме оваа серија да продолжи и на наредниот натпревар. Немаме некоја посебна тајна на успехот, другарството ни е на највисоко ниво и си помагаме еден со друг, многу работиме на тренинзите и одлично се подготвуваме за ривалите, тоа ни ја донесе оваа победничка серија за која очекуваме да продолжи и против Пелистер“ - истакнува Доне Мајнов.

Според нашиот заменик-капитен, играта на „пелистерци“ е многу слична на онаа на последниот ривал Охрид, што Тинекс Пролет по голема битка го доби на гостински терен.

„Постојат големи сличности меѓу Охрид и Пелистер, пред се поради фактот дека играта им се базира на голема борбеност и на цврста одбрана. Пелистер ќе се обиде со добра игра во дефанзива да ни создаде многу проблеми. но верувам дека ќе одговориме на предизвикот. Наше е и ние да одиграме на што повисоко ниво во одбраната, бидејќи тоа потоа овозможува и лесни голови на спротивната страна, со што би направиле голем чекор кон победата. Според мене клучно ќе биде да го запреме Кобетиќ, кој најчесто ја има топката во свои раце и е најопасен ракометар на Пелистер“ - порачува Мајнов.

Натпреварот меѓу Пролет и Пелистер на програмата е в сабота со почеток во 18.30 часот. 

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести