Работник си го наплати ланскиот долг во Пролет (фотогалерија)

Работник продолжува со стопроцентен ефект во Супер-лигата откако амбициозниот битолски клуб вечерва славеше на гостувањето против незгодниот тим на Пролет со резултат  22-26. Овие два тима лани се сретнаа во последното коло од плејофот и Пролет стигна до победа со која обезбеди место во европските купови за сметка на Пелистер, но битолчани овојпат си го наплатија долгот, одиграа подобро од домаќинот и заслужено стигнаа до победата.

Пролет водеше само еднаш на натпреварот, и тоа со минимални 3-2, потоа гостите од Битола набрзина постигнаа три гола, го свртеа резултатот во своја полза и ја зголемија предноста и на „плус пет“ (6-11). Домаќините пред крајот на полувремето намалија на 9-13, во вториот дел не ја спуштија разликата под три гола, па Работник заслужено прокнижи нови бодови.

Гоце Ојлески со шест гола беше прв стрелец на битолчани, еден помалку постигна Џукиќ, додека најдобри поединци кај Работник беа Мајнов и Андоновски со по пет погодоци.

 

Галерија

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести