Пролет до „плус десет“ против Вардар јуниор

Ракометарите на Пролет без многу проблеми ја оправдаа фаворитската улога на дуелот против Вардар јуниор, триумфирајќи со убедливи 10 гола разлика (29-19).

Гостите на овој градски дуел издржаа само до 4-4

Потоа следеше многу подобро издание на домашниот тим кој набрзина поведе со 10-5 и потоа рутински го контролираше темпото. Резултатот на полувреме гласеше 13-8, Пролет дојде до 22-12 за прва двоцифрена предност, позитива што избраниците на Матлиески без мака ја задржаа до последниот свиреж на судијата.

Стефан Трајковски со девет гола беш најефикасен во победничкиот тим, а прв стрелец на Вардар јуниор вечерва беше Кукуловски со четири погодоци.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 623
2МРК Куманово2
3РК Прилеп2
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести