Тинекс Пролет оди по нова победа против Борец Велес

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска со почеток во 18.30 часот ќе го пречекаат составот на Борец Велес Бисинов, во обид да стигнат до нова победа и да се вратат на врвот на табелата во плејаут натпреварувањето. Избраниците на тренерот Матлиески во минатата рунда несреќно загубија на гостувањето во Прилеп, но таа лекција е научена, грешките во нападот се корегирани и сите очекуваат Тинекс Пролет да го покаже своето вистинско лице на денешната пресметка со велешани.

Ова ќе биде трет дуел меѓу овие екипи сезонава, во првиот во Скопје нашата екипа лесно славеше со убедливи 30-19, додека втората суперлигашка пресметка во Велес заврши без победник, 25-25.

„Знаеме каков противник имаме против себе. Можеби на хартија сме поквалитетен тим, но тоа не значи ништо ако не го потврдиме на теренот. Тие повторно го сменија тренерот, што може да им донесе дополнителна енергија во играта. Токму затоа мораме да бидеме максимално внимателни, да одиграме најдобро што можеме бидејќи ако тоа се случи нема сомнеж дека ќе се радуваме на победата. Јасно ни е дека нападот мора да биде многу подобар отколку на последниот натпревар, работевме на тоа во изминатите денови и очекувам да се покажеме во вистинско лице на денешниот натпревар“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Прилеп6
2РК Пролет 625
3МРК Куманово4
4РК Струга3
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести