Пораз на гостувањето против Алкалоид (35-26)

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да направат подвиг, губејќи на гостувањето против Алкалоид со резултат 35-26. Избраниците на тренерот Матлиески се надеваа на ново добро издание по одличното реми со Охрид минатиот викенд, но вечерва налетаа на поквалитетен и максимално мотивиран тим, кој знаеше како да ја оправда фаворитската улога и да стигне до посакуваната победа.

Матлиески може да биде задоволен од изданието на својот тим во првите 25 минути, во кои Тинекс Пролет целосно му парираше на Алкалоид. Последното водство на гостинскиот тим беше при 6-7, по што по головите на Палевски се држеше резултатски егал само до 10-10. Сепак, во последните пет минути дојде до голем пад во играта во напад на Тинекс Пролет, што полетниот тим на Алкалоид го искористи за да поведе со 14-10. 

Шокот од финишот на првото полувреме траеше и на стартот од вториот дел, па Тинекс Пролет набрзина се најде во негатива од седум гола (20-13). Нашата екипа за момент се консолидираше и намали на 27-23, но тоа беше се што Тинекс Пролет успеа да стори на овој меч, завршните минути минаа во знакот на домаќините кои на крајот славеа со конечни „плус девет“ (35-26).

Андреј Стојановски беше најефикасен во нашиот табор со пет погодоци, а по три пати меѓу стрелците се запишаа Андоновски, Стоилевски и Палевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести