Супер-финиш за реми со Охрид во драматичната дерби пресметка

Во максимално возбудлив и квалитетен натпревар, ракометарите на Тинекс Пролет ремизираа со Охрид во дерби пресметката од 19. коло во Суперлигата на Македонија.

И покрај тоа што гостите ја носеа фаворитската улога на дуелот, на крајот нашите ракометари повеќе од заслужено дојдоа до 23-23, во меч во кој колективот функционираше на највисоко ниво низ сите 60 минути од средбата.

Одличен старт на Тинекс Пролет воден од Ласко Андоновски и Доне Мајнов за по 15 минути игра водство и од 9-6, кое во континуитет низ првото полувреме се зголемуваше и за предност од 12-7 во 27. минута и конечна предност на полувремето од 12-8 за нашиот тим.



Сепак, охриѓани далеку поагресивно го почнаа второто полувреме, па со серија од 3-8, успеаја да дојдат до водство од 15-16. Низ игра гол за гол во продолжението, Охрид во последните две минути од мечот влезе со предност од 21-23. Но, Ласко Андоновски ефектно намали на 22-23, а откако охриѓани не реализираа во следниот напад, на 48 секунди до крајот Матлиевски повика тајм-аут и организираше напад за реми. Мајнов погоди за 23-23, по што останаа уште 16 секунди за Охрид. Со одлична одбрана, беше спречено гостите и воопшто да упатат удар по нашиот гол со што натпреварот заврши со поделба на бодовите.

Најефикасни кај Пролет беа Василевски со шест гола и Андоновски со четири погодоци, додека во редовите на Охрид се издвоија Орјоканидѕе со седум гола и Цирар со пет постигнати погодоци.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 623
2МРК Куманово2
3РК Прилеп2
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести