Пораз на Тинекс Пролет на гостувањето во Куманово (23-21)

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да стигнат до првата победа во 2025 година откако попладнево претрпеа пораз на гостински терен против Куманово со резултат 23-21. Одбраната беше на ниво, но денеска потфрли нападот на тимот предводен од Матлиески, особено во второто полувреме во кое постигнавме прескромни девет гола, недоволни за да се стигне на позитивен резултат на овој натпревар. 

Почетокот мина во израмнета битка на двете страни, кумановци последен пат водеа со 4-3, по што следеа три гола во низа на Тинекс Пролет и целосен пресврт. Одбраната на чело со голманот Петковски функционираше одлично, во нападот беспрекорен беше Палевски со седум гола, па Тинекс Пролет на одмор замина со предност од 11-12.

Почетокот од второто полувреме мина во знакот на домашниот тим, кој седум минути не прими ниту еден гол. Палевски промаши зицер од контранапад при 11-12, по што кумановци влегоа во серија и поведоа со 15-12 пред Матлиески да побара тајмаут. Советите на тренерот вродија со плод, Тинекс Пролет набрзина израмни на 16-16, но следеше нова серија на домашниот тим. Нашата екипа пред самиот крај успеа да намали и да дојде на еден гол негатива (22-21), но кумановци го реализираа последниот напад и ставија печат на победата, на крајот изразена со конечните 23-21.

Палевски постигна девет гола и беше убедливо најефикасен во таборот на Тинекс Пролет на овој меч, четири погодоци постигна Шилегов, а по два имаа Стоилевски, Василевски и Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 623
2МРК Куманово2
3РК Прилеп2
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести