Актуелно

Дрпљанин потпиша за заокружување на ростерот на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет го заокружи ростерот за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона откако потпиша договор со Есад Дрпљанин.

Активностите во почетокот од новата година кога станува збор за ангажманот на нови ракометари завршија токму со потписот на Дрпљанин, 23-годишен ракометар кој настапува на позицијата лево крило. Негов последен клуб беше Голден Арт, а Дрпљанин претходно во кариерата ги има брането и боите на Бутел.

Тој е последен од низата засилувања што Тинекс Пролет ги доведе на почетокот од оваа календарска година, откако во претходните денови договори со нашиот клуб потпишаа и Никола Стоилевски, Стефан Атанасовски, Стефан Јовевски и Јован Фичорски.

Тренерот Матлиески ќе има на располагање збогатен играчки ростер, а сите во Тинекс Пролет сме максимално горди што нашиот клуб повторно е единствен во Супер-лигата што ќе игра со стопроцетнтно македонски ростер, без ниту еден странски ракометар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести