Стефан Атанасовски потпиша за уште посилен Тинекс Пролет

Тинекс Пролет продолжува со засилувањата за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, па по потписот на десното крило Стоилевски нов член на нашиот клуб од денеска е и Стефан Атанасовски.

Станува збор за 25-годишен ракометар кој настапува на позицијата пивот и импресионира со својата корпулентност со која им создава големи проблеми на противниците во одбраната. Тој ја почна сезонава во тимот на Раховеци во косовскиот шампионат, имаше одлични партии и резултати со оваа екипа, но по заминувањето на македонскиот стратег Андоновски од кормилото и самиот Атанасовски реши да го напушти овој клуб.

Тој претходно има настапувано и во шампионатите на Катар и на Саудиска Арабија, а кариерата ја почна во школата на Вардар, настапуваше за втората екипа, а нешто подоцна и за првиот тим на скопските „црвено-црни“.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Прилеп6
2РК Пролет 625
3МРК Куманово4
4РК Струга3
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести