Тинекс Пролет почна со подготовки, Бахар се врати дома

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска означија почеток на подготовките за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Тренерот Александар Јовиќ на располагање ќе ги има речиси сите ракометари од првиот дел од сезоната, а како што тоа е вообичаено за РК Тинекс Пролет – македонските ракометари и нивниот развој ќе биде приоритет и во наредниот период.

Предвидено е во наредниот период екипата да тренира во Скопје, по што ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари.

Единствениот кој си замина од редовите на нашиот тим зимава е тунискиот интернационалец Мохамед Рарик Бахар. Десниот бек го мина првиот дел од сезонава како позајмен играч од Вардар, но поради семејни причини реши да се врати назад во татковината.

Му благодариме на Бахар за придонесот во првиот дел од сезоната и му посакуваме многу среќа во идните ангажмани.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести