Пораз од шампионот за крај на 2024 година (23-37)

Тинекс Пролет не успеа да стигне до позитивен резултат на последниот меч од оваа календарска година, губејќи на домашен терен од Еурофарм Пелистер со 23-37. Шампионот допатува во Скопје како голем фаворит, избраниците на Александар Јовиќ се обидоа да парираа, но немаа сили да му се спротивстават на поквалитетниот противник.

Почетните минути беа во знакот на гостите од Битола, тимот на Тинекс Пролет постигна само два гола во првите десет минути (Мајнов и Донев), а Пелистер поведе со 2-7. Битолчани продолжија да доминираат како што одминуваше времето и поведоа со 5-13. Тинекс Пролет конечно се разбуди, заигра одлично нецели десет минути и постигна пет погодоци, намалувајчи на 10-13. „Пелистерци“ имаа одговор и на одмор заминаа со 13-17, за во вториот дел повторно да влезат во серија.

Првото двоцифрено водство на Пелистер беше она при 18-28, шампионот продолжи да го диктира темпото до самиот крај на натпреварот, славејќи со конечни 23-37. 

Капитенот Ласко Андоновски беше прв стрелец на Тинекс Пролет со пет погодоци, по четири постигнаа Глигоров и Стојановски, а по три пати прецизни беа Мајнов и Додевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести