Андоновски: По бодови во Кавадарци, тоа е можно само со 60 минути перфектен ракомет

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска го играат можеби и најважниот дуел оваа натпреварувачка сезона, на гостински терен против екипата на Тиквеш (18 часот, сала „Јасмин“ во Кавадарци). Станува збор за дуел со директниот ривал во трката за шестото место кое води во плејофот, првиот меч со Тиквеш на домашен терен го завршивме без победник, а влогот вечерва ќе биде огромен бидејќи поразениот сериозно ќе си ги намали шансите за влезво Топ 6.

Осцилациите во играта се главен проблем на Тинекс Пролет сезонава, па и на тренерот Јовиќ и на ракометарите им е јасно дека за успех во Кавадарци тоа нема да биде дозволено, напротив – ќе мора да се одиграат перфектни 60 минути за да се стигне до позитивен резултат. Тинекс Пролет одигра еден беспрекорен меч кога беше важно – во триумфот над Бутел, но последното реми на домашен терен со Прилеп беше предупредување дека без максимално залагање од почеток до крај не може да се стигне до позитивен резултат.

„Свесни сме за грешките што ги направивме против Прилеп, меч на кој загубивме значаен бод во трката за шестото место. Лекцијата е научена, знаеме што треба да се направи – 60 минути максимална фокусираност и во нападот и во одбраната, тоа е единствениот начин на кој можеме да дојдеме до позитивен резултат во Кавадарци. Знаеме дека за ривал имаме квалитетна екипа, но против Бутел веќе докажавме дека кога играме како што знаеме, можеме да победуваме екипи од овој калибар. Затоа, наша желба е да одиграме уште еден перфектен меч и на крајот да се радуваме на триумф“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести