Цврстата одбрана донесе голема победа над Бутел (24-19)

Тинекс Пролет си ги зголеми шансите за пласман во плејофот откако во скопската преметка соБутел го совлада големиот ривал со 24-19. Цврстата одбрана беше заштитен знак на Тинекс Пролет на овој меч, голманот Даскаловски бранеше извонредно во текот на сите 60 минути, а во нападот одговорност презеде Бахар, со десет голапредводејќи ги стрелците на овој натпревар.

По проблемите во нападот на самиот старт, капитенот Ласко Андоновски го постигна првиот гол за Тинекс Пролет во четвртатаминута од мечот. Домашниот состав влезе во ритам во офанзива и благодарение на Бахар набрзина поведе со 5-3, но дојде до мала криза по неколкуте добри одбрани на гостинскиот голман Стојаноски по што Бутел направи пресврт. Гостите поведоа со 7-9, нашиот бек Александар Стојановски постигна прекрасен погодок, а на сцена стапи и голманот Даскаловски, кој со неколку интервенции (меѓу нив и еден одбранет пенал) помогна повторно резултатот да се сврти во корист на Тинекс Пролет.

Бахар со извонреден лоб од пенал донесе предност од 10-9, по што гостинскиот тренер Кузманоски побара тајмаут. При 11-10 Тинекс Пролет не реализираше напад со играч повеќе (исклучен беше Николов), Јовиќ побара тајмаут на 90 секунди до крајот, но на одмор се замина со резултат 11-11, по пеналот што го реализираше Николов во последната секунда. 

Бахар со десет гола беше прво име на натпреварот, младиот Стојановски повторно беше одличен на бековската линија со шест погодоци, додека капитенот Андоновски го заврши мечот со пет гола.

Второто полувреме почна со израмнета игра на двете страни, први до „плус два“ стигнаа ракометарите на Тинекс Пролет, откако преку Андоновски и Стојановски поведоа со 17-15. Стојановски постигна уште еден прекрасен гол од девет метри за предност од 18-15, принудувајќи го гостинскиот тренер на тајмаут. Следеа два гола на Бутел, по што на половина од второто полувреме Александар Јовиќ побара тајмаут, при водство на неговиот тим од 18-17. 

Советите вродија до плод, па Тинекс Пролет одигра беспрекорна одбрана до самиот крај. Во последните 15 минути до мечот Бутел постигна само два гола, па нашиот тим заслужено се одлепи резултатски и со голот на Димковски во последните секунди славеше со убедливи 24-19.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести