Тинекс Пролет доминантно до триумф во Радовиш (20-28)

Тинекс Пролет ја забележа првата гостинска победа сезонава откако избраниците на Александар Јовиќ рутински се справија со фенерџијата Радовиќ триумфирајќи со 20-28. Како што и најавија пред мечот, ракометарите на Тинекс Пролет останаа максимално фокусирани, во ниту еден момент не го потценија противникот и тоа им овозможи од самиот почеток да го контролираат резултатот и да прокниат заслужени бодови.

Цврстата одбрана беше заштитен знак на нашиот тим во првото полувреме, голманот Даскалоски одбрани зицер во почетните минути и овозможи лесен погодок на спротивната страна, водството се зголемуваше па уште во раната фаза гостите стигнаа до 1-5. Нешто подоцна позитивата се искачи на пет гола (4-9, 5-10), а ниту тајмаутот на домашниот тренер не промени премногу во случувањата на теренот. Радовишани се мачеа да го најдат патот до мрежата, на спротивната страна одличен беше десниот бек Бахар, кој со седум гола во првото полувреме даде значаен придонес за Тинекс Пролет на одмор да замине со убедливи 8-14. 

Избраниците на Јовиќ не застанаа, подобро од противникот го почнаа и вториот дел од овој натпревар, па по 10-16 постигнаа пет гола во низа и преку Мајнов и Димковски поведоа со преубедливи 10-21. Победникот беше решен, Јовиќ им даде шанса на дел од помладите ракометари, но Тинекс Пролет и со комбиниран состав ја одржа позитивата славејќи до конечни 20-28.

Бахар ги предводеше стрелците на Тинекс Пролет со осум гола, по пет постигнаа Димковски и Андоновски, а по два пати прецизни беа Мајнов и Стојановски.

По денешните дуели следи пауза поради настапот на репрезентацијата во квалификациите за ЕП 2026, а суперлигашката сезона ја продолжуваме на 16 ноември со скопската пресметка против Бутел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести