Гостување во Охрид е следниот предизвик на Тинекс Пролет во Супер-лигата

Ракометарите на Тинекс Пролет се враќаат на обврските во Супер-лигата со денешното гостување во Охрид (сала „Билјанини Извори, 17.30 часот), во последниот меч од осмото суперлигашко коло.

Мечот се игра неколку дена подоцна поради обврските на охриѓани во европските натпреварувања, тимот на Стевче Алушовски со триумфот над Турда го потврди квалитетот што го поседува, но тоа не значи дека Тинекс Пролет однапред ќе се предаде на овој натпревар.

Тренерот Јовиќ и неговите избраници работат напорно за кревање на формата не само за дуелот во Охрид, туку и наредните предизвици во Супер-лигата.

„Пред нас е дуел со еден од четирите најквалитетни тимови во лигата. Јасно е кој е фаворит, но тоа не значи дека ќе излеземе со бело знаме во Охрид. Главна цел е да одиграме квалитетен натпревар, да бидеме цврсти во одбраната и дисциплинирани во нападот, доколку успееме во тоа би можеле да му парираме на домаќинот. Напредокот во работата на тренинзите е очигледен, сакаме тоа да го пресликаме и на наредните натпревари“, порачуваат од таборот на Тинекс Пролет во пресрет на дуелот со охриѓани.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести