Тинекс Пролет оди по победа против Куманово

Ракометарите на Тинекс Пролет го оставаат зад себе тешкиот распоред во кој за три дена им гостуваа на шампионот Еурофарм Пелистер и на вицепрвакот Вардар.

Денеска во салата „Македонско Сонце“ со почеток во 18.30 часот гостува Куманово, дуел на кој Тинекс Пролет без дилема ќе атакува на триумф и нови бодови за суперлигашката табела. Кумановци имаат две победи во првите шест рунди (против Борец и Струга), јасен знак дека овој ривал не смее да биде потценет ако се сака да се стигне до посакуваниот резултат.

„Во изминатите денови се подготвувавме за овој натпревар и верувам дека во добра форма ќе го дочекаме Куманово. Начинот на кој игравме со Вардар е предзнак дека формата се движи во нагорна линија, но сега доаѓа дел од сезоната во која треба да победуваме и да собираме бодови за да ги оствариме зацртаните цели на клубот. Верувам дека квалитетот е на наша страна на денешниот натпревар, но ќе мораме да одиграме максимално и тоа да го потврдиме на теренот. Ако го сториме тоа и играме како што знаеме, ќе успееме да триумфираме“, изјави десниот бек Мохамед Тарик Бахар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести