Време е за прва победа во новата сезона

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска го играат четвртиот меч од новата сезона, во 16 часот во салата „Македонско Сонце“ во Скопје гостува составот на Борец Фрут ленд.

Со ривалот од Велес одигравме еден меч пред околу еден месец во текот на подготовките, дуел што Тинекс Пролет рутински го доби со 26-20. Јасно е дека стартот на сезоната е под посакуваното ниво (две реми и еден пораз), а денешниот натпревар е идеален за вртење нов лист во играта и забележување на првата победа од оваа натпреварувачка сезона.

„Свесни сме дека не бевме на посакуваното ниво и потфрливме од многу аспекти, особено на оној последен дуел во Струга на кој не личевме на себе. Лекцијата е научена и почнувајќи од следниот меч ќе го покажеме нашето вистинско лице. Борец е ривал што го почитуваме и знаеме дека до бодовите можеме само со максимално ангажирана игра од почетокдо крај. Не смее да ни се повторат осцилациите од првите средби, мораме да останеме дисциплинирани во нападот и цврсти во одбраната, тоа треба да биде формула за успех на нашиот тим“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот дуел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести