Бледа игра и заслужен пораз во Струга (34-29)

Тинекс Пролет го претрпе првиот пораз во новата натпреварувачка сезона откако попладнево загуби на гостувањето во Струга со 34-29. Поразот е апсолутно заслужен ако се знае дека избраниците на Јовиќ покажаа потпросечен ракомет, недостигаше и квалитет во играта,но и желба за победа, по што домашниот тим заслужено стигна до победата.

Почетокот мина во израмнета борба на двете страни, откако Струга поведе со 5-3, но Тинекс Пролет постигна четири гола во низа и поведе со 5-7. Предноста од два гола беше задржана до 7-9, резултат при кој не беа искористени и два напада, со што беше означена и големата криза во играта на Тинекс Пролет. Одбраната цел меч беше далеку од посакуваното ниво, а пред крајот на полувремето затаи и нападот, па стружани го искористија тоа за да поведат со 15-12.

Надежите за камбек потонаа по само десетина минути игра во второто полувреме, откако домашниот тим набрзина стигна и до шест гола предност (20-14). Тинекс Пролет целосно капитулираше по исклучувањето на Глигоров во 43. минута, кога Струга постигна неколку гола во празна мрежа и зголеми на огромни девет гола предност (27-18) пред Јовиќ да побара тајмаут. Домаќините имаа и десет гола позитива (29-19), за Пролет во завршницата да се избори барем за нешто попристоен пораз, изразен со конечните „минус пет“.

Бахар беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет со шест гола, а по пет постигнаа Василевски, Андоновски и Палевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести