Шилегов и Глигоров ќе ги бранат боите на Тинекс Пролет

Мице Шилегов е новото засилување на Тинекс Пролет откако десното крило го стави својот потпис на едногодишниот договор со нашиот клуб.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија има богато искуство од настапи на домашната сцена, каде ги бранеше боите на Металург, Охрид и Голден Арт, од каде се приклучува на екипата на Тинекс Пролет.


Заедно со Шилегов од редовите на Голден Арт пристигнува и Андреј Глигоров, 20-годишен пивот кој важи и за специјалист во играта во одбрана.

Двајцата нови ракометари се појавија на стартот на подготовките за новата сезона и се очекува да имаат значајна улога во дресот на Тинекс Пролет во наредната сезона.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести