Голманот Даскалоски, ново засилување на Тинекс Пролет

Златко Даскалоски е најново име во таборот на Тинекс Пролет откако искусниот голман денеска и официјално го стави потписот на договорот со новиот клуб. Според договорот, Даскалоски ќе ги мине следните две сезони во дресот на Тинекс Пролет, а покрај обврските со првата екипа овој искусен чувар на мрежата ќе помага во равојот на голманите во нашата младинска школа.

Даскалоски е поранешен репрезентативец на Македонија, голман со богато искуство како на домашната така и на мешународната ракометна сцена. Тој доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на Голден Арт, претходно настапуваше и за Бутел и за Вардар, додека од меѓународното искуство има настапувано за Ловќен во Црна Гора, француски Стразбур и за Темишвар во шампионатот на Романија.

Даскалоски е второто засилување на Тинекс Пролет во овој преоден рок, откако веќе потпишан договор и со младиот пивот Стефан Стојчевиќ. 

Тренерот Александар Јовиќ на 5 август ќе го одржи првиот собир со што ќе биде означен и стартот на подготовките за новата сезона. Во меѓувреме се очекува да бидат финиширани преговорите за уште неколку засилувања, со што ќе биде заокружен играчкиот кадар со кој Тинекс Пролет ќе настапува во сезоната 2024/25.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести