Стојчевиќ прво засилување, нов договор за Василевски

Тинекс Пролет го комплетираше првиот трансфер во пресрет на новата сезона, потпишувајќи двогодишен договор со Стефан Стојчевиќ.

Овој перспективен пивот доаѓа од редовите на Алкалоид, каде не доби премногу голема минутажа по ланскиот трансфер од таборот на Бутел. Станува збор за исклучително талентиран ракометар кој ќе биде од голема помош во нападот и во одбраната, покривајќи ја пивотменската позиција што остана испразнета по заминувањата на Арсеновски и на Крстевски.

Тинекс Пролет успеа да го задржи во своите редови Александар Василевски, со кого беше потпишан нов договор и искусниот лев бек и во новата сезона ќе ги брани боите на нашиот клуб.

Василевски важи за беспрекорен шутер, на неколку овосезонски натпревари беше и најдобар стрелец на Тинекс Пролет, а игра и значајна улога во одбраната на тимот на Александар Јовиќ.

Тинекс Пролет продолжува со преговори за ангажман на уште неколку засилувања со кои би бил заокружен ростерот за наредната натпреварувачка сезона.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид14
2Охрид12
3Вардар12
4Е. Пелистер10
5Бутел8
6Пролет6
7Тиквеш5
8Прилеп5
9Куманово4
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести